Антонија Шола со нов летен хит „Поново“!

Written by on јули 6, 2020

Хрватската пејачка и кантавторка Антонија Шола објави нов сингл насловен „Поново“.

Деновите  во изолација поради пандемијата, ги помина пишувајќи песни што ќе ги претстави во наредните месеци, а тоа  со нетрпение го очекува и нејзината публика.

Новиот сингл ќе го претстави на годинешниот фестивал ЦМЦ, што ќе се одржи во Водице на почетокот на септември, а ќе се најде и на нејзиниот нов албум, кој ќе го објави  Croatia Records.

Инаку, песната „Поново“ е прво заедничко авторско дело на Антонија Шола и Марио Регељ од бендот „Љубавници“.

Станува збор за летен сингл кој се појавува во вистинско време, време кога овој летен ритам ни ја дава потребната доза на среќа за убав ден и верба дека се ќе биде добро- изјави Антонија Шола.


[There are no radio stations in the database]