Андре Риу – за прв пат во живо во Македонија на 6 јуни!

Written by on јануари 21, 2019

Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) еден од најпопуларните интернационални музичари, прославен како современиот „крал на валцерот“ од Мексико до Австралија,  на 6-ти јуни ќе настапи во живо во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје со неговото бомбастично сценско шоу во рамки на неговата светска турнеја за 2019-та година.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот 60-член Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот.

Меѓу останатите земји, во рамки на ланската светска турнеја Андре Риу настапи и во С.А.Д, Канада, Аргентина и Австралија, како и во Велика Британија.Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“. Неговите „ЈуТјуб“ видеа надминуваат далеку над милијарда прегледувања досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на Валцерот на „Фејсбук“.

 


[There are no radio stations in the database]