Ангеле Димовски добитник на Златна Бубамара за животно дело!

Written by on февруари 21, 2020

Кавалџијата Ангеле Димовски, еден од најпознатите во традицијата на македонската музика, е овогодишен добитник на Златна Бубамара за животно дело.

Роден е 1948 во музичко семејство, во кое се негувало свирењето на кавал, гајда, зурла и тапан.

Повеќе од пет децении Димовски е вклучен во широк опсег музички активности. 40 години поминал во РТС како член на Оркестарот на народни инструменти, во еден период и како негов раководител. Има снимено повеќе од 10 илјади минути различен музички материјал. Настапувал во повеќе европски земји, но и во Австралија, Канада и Јапонија.

Познат по своите изведби на народна музика, Димовски со својот кавал имаше голем придонес и кон статусот на албумот „Свјат Dreams“ на групата МИЗАР како  едно од класичните дела во историјата на современата македонска музика.

Музичката традиција во семејството Димовски продолжува и денес преку семејниот оркестар „Шарен кавал“, во кој учествуваат сопругата, ќерката и двата сина, кои настапуваат и во групата „Синтензис“.


[There are no radio stations in the database]