Александра Јанева ја преработи „Херој“ на Лоба

Written by on јули 5, 2018

Поп-пејачката Александра Јанева започна нов, летен проект заедно со нејзиниот бенд 2BE. Симболично, на календарскиот почетокот на летото преку социјалните мрежи од фановите побара идеи за преработки.

Новата верзија на „Херој“ од Викторија Лоба е првото видео од проектот #summerjam. Аранжманот е на Тино Стојановски кој ги свири гитарите заедно со Љупче Стојановски, а Синиша Зукиќ е на кахон.

„До нас пристигнаа над 300 предлози за преработки, но одлучивме да го почнеме проектот со една од наjемотивните македонски балади во 2018 година“, вели Александра Јанева.

Јанева и 2BE најавуваат дека во наредниот период, на секои две недели ќе бидат објавувани преработки на некои од најголеми домашни и светски хитови.

Минатата недела Александра ја објави соработката со Наташа Малинкова насловена „Еуфорија“ која е нејзина втора авторска песна годинава.


[There are no radio stations in the database]