Александра Јанева со нова балада – „Се одбирам себе“

Written by on мај 2, 2019

Александра Јанева периодов го подготвува деби албумот „Срце отвори“, а малку по малку дознаваме како ќе звучи ова долгоочекувано првенче на талентираната струмичанка, која речиси на секои три-четири недели ни претставува нова песна.

Неполн месец по промоцијата на песната „Одговор“, Александра Јанева ги изненади обожавателите со нова музичка приказна раскажана под името „Се одбирам себе“, со која им се враќа на баладите.

Александра Јанева заедно со Тино Стојановски е автор на музиката на нејзината нова песна.

Како текстописец на баладата „Се одбирам себе” се потпишува Јана Бурче.

Продукцијата е на Иле Спасев. Видеото е снимено во Отешево и Преспа.


[There are no radio stations in the database]