Александра Радовиќ со летен сингл „Не волим те“!

Written by on јули 9, 2019

Регионалната поп дива Александра Радовиќ го претстави својот нов летен сингл „Не волим те“!

По последниот хит „ Љубави моја“, многубројната верна публика чекаше повеќе од година дена за да ужива во нова песна која е пропратена и со оригинален видео спот во кој учествуваат нејзините фанови од сите возрасти и од целиот регион.

Музиката и аранжманот на овој сингл ги потпишува Дарко Димитров, а стиховите се на самата Александра заедно со Милан Радуловиќ.

Инаку, со овој сингл Александра Радовиќ го најавува својот нов долгоочекуван албум, петти по ред, кој светлото на денот ќе го здогледа кон крајот на 2019-та година.


[There are no radio stations in the database]