Александра Радовиќ, искрена и емотивна во новиот албум!

Written by on февруари 14, 2020

Александра Радовиќ, поп-пејачка со уникатен глас, денес – 14 февруари на својата публика и подари нови песни од петтиот студиски албум “Predvorje života”.(PGP RTS)

Искрена секогаш кон себеси и своите фанови, реномираната уметничка не се откажува од нејзиниот карактеристичен стил, па нејзините нови песни изобилуваат со емотивни стихови и висококвалитетен поп звук.

Со врвен тим соработници, со девет внимателно избрани композиции, Александра Радовиќ на публиката и нуди оригинални приказни за љубов, страдање, моменти на среќа и болка, преиспитување …
– Новиот албум е како и секој претходен албум посветен на љубовта. Верувам дека сите ние често размислуваме и се обидуваме да ја разбереме суштината на љубовта и врските воопшто и затоа моите нови песни ги пренесуваат тие мисли. Она што сметаме дека е добро и исправно, што може да биде лошо или погрешно во врските / избори, каде можеби сме згрешиле, што сме направиле добро, за што жалиме и што нè прави среќни или ни треба утеха …

Покрај трите песни претходно објавени како синглови (“Ljubavi moja”, “Ne volim te” i “Gde ćeš ovu noć”) , на новиот албум има уште шест песни: “Ne, hvala”, “Pazl”, „ Anuliran“, “Živim bol”, “Poljubi me”и насловната нумера “Predvorje života”…

Инаку, и овој пат, таа соработуваше со постојан, докажан тим соработници.

-Албумот е во продукција на Махир Сарихоџиќ, со кого соработував и на претходниот албум “Carstvo”. Се покажа дека добро соработуваме, се надополнуваме во уметничка смисла и затоа продолживме. Александра Милутиновиќ е една од авторите со која соработувам уште од песната”Kao so u moru” . Се уверив дека публиката ја сака нашата комбинација-нејзини стихови во моја интерпретација. Потоа, како автори сме застапени и Горан Ковачиќ и јас, а ни се придружи и еден млад соработник, Бојан Јововиќ, кој ја компонираше песната “Živim bol”- изјави Александра.

За секоја од песните од новиот албум, направено е видео во соработка со продукција на „NN media“, а  сите видеа беа објавени денес, 14 февруари ,во 12 часот на официјалниот јутјуб канал на Александра Радовиќ.


[There are no radio stations in the database]