Аки се враќа на сцена

Written by on јули 4, 2018

Фронтменот на Парни Ваљак, Аки Рахимовски,кој на почетокот на април имаше полесен мозочен удар, успешно се опоравува и веќе за два месеца би можел да се врати на музичката сцена.

Како тврдат неговите соработници, Аки со бендот на 31.август ќе настапи во Словенија, додека фановите на „Парни ваљак“ во Виена ќе можат да уживаат во незаборавните хитови на 20 септември.

Инаку, поради здравствената состојба на Аки, бендот во меѓувреме ги откажа сите концерти,но турнејата, на задоволство на публиката, ја продолжуваат последниот ден од август месец.


[There are no radio stations in the database]