Академскиот хор “Мирче Ацев” викендов учествуваше на Меѓународниот хорски фестивал во Ниш.

Written by on јули 12, 2018

За  впечатоците од оовој фестивал,еве што велат-„Поминавме многу убави моменти. Ниш, во тие четири дена, дише со хорската музика. Пеевме на улица, пеевме на секој ќош, пеевме на унгарски, руски, српски, грчки. Тие пееа на македонски..
Но најважно од сѐ, имавме доста успешен настап, и достојно ја претставивме нашата земја.
Формално, добивме признание за најдобро изведена хорска композиција од домашен автор за композицијата “Македонска Хумореска” напишана од Тодор Скаловски.
Неформално, добивме многу пофалби и убави зборови од членовите на жирито, токму за изведбата на оваа композиција. Една реченица ми остана на ум. Еден член на жирито рече дека од нас слушнал хорски звук кој бил навикнат да го слуша во ’80-ите години на истата сцена, во времето кога Драган Шуплевски раководел со хорски ансамбли во Македонија. Оние кои пеат или пееле во хор, ќе знаат колку е значаен овој коментар.
И така..
После ваков настан, секогаш сум празно среќен, и многу емотивен. Среќа што се повторува барем еднаш годишно.
Музиката, и тоа како, е нешто што ги исполнува сите црни дупки во животот.
Viva la musica!“


[There are no radio stations in the database]